• За нас

    Членовите на Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје здружено и посветено работат на подобрување на пристапот до образованието, културата и спортот за сите жители на Република Северна Македонија подеднакво. Здружението се залага за целосна инклузија во образовниот систем преку подигање на свеста за оваа проблематика, како и овозможување на обуки за професионалниот кадар, родителите и децата од ранливите категории за создавање на услови за инклузија.