• Тековни проекти

    Рана Инклузија (Early Inclusion)
    Споделување на обука и методи за рана инклузија

     

    Преглед на проектот
    Рана инклузија е европски проект во рамките на Ерасмус + стратешките партнерства. Од 1.10.2015 до 30.3.2018 проектот се фокусира на зголемено знаење и споделени методи кои се однесуваат на инклузивна работа со мали деца со попреченост или во ризик од попреченост.

     

    Пропратни информации 

    Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, која е ратификувана од повеќето европски земји, предвидува инклузивно образование за сите. Во рамките на овој контекст, повеќето европски земји ја изразуваат својата политичка волја да имплементираат инклузивни филозофии и концепти на сите нивоа на политики и сервиси поврзани со прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост (погледнете и во Европа 2020: Стратегија на Европската унија за паметен, одржлив и инклузивен развој; Стратегија за попреченост на ЕУ 2010-2020. 

    Сепак, може да се забележи дека постои значен недостиг на методологии и методи, и споделување на знаења во ова поле. 

    Професионалците искажуваат голема потреба од 
    а) ИНФОРМАЦИИ, 
    б) ОБУКА и 
    в) КОНКРЕТНИ РЕСУРСИ.

     

    Цели

    Проектот се стреми да пренесе:

    А) ИНФОРМАЦИИ И РАЗБИРАЊЕ: ШТО им е потребно на децата со попреченост и на кој начин да се поддржат во вклучувањето во редовното образование и младинска работа со цел да избегнат подоцнежно исклучување или неуспех.

    б) КОНКРЕТНИ МЕТОДОЛОГИИ според P2P (размена на добри секојдневни практики од страна на професионалци за да се овозможат инклузивни конкретни МЕТОДИ преку споделување на релевантно искуство.

    в) ПРОЦЕНКА НА КОМПЕТЕНЦИИ НА НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ НА САМОТО РАБОТНО МЕСТО во однос на инклузијата

     

    Проектни резултати

    ИНФОРМАТИВЕН ПАКЕТ ЗА ИНКЛУЗИЈА
    „ИНФОРМАТИВЕН ПАКЕТ ЗА ИНКЛУЗИЈА претставува подготвени онлајн специфични информации за таргетни групи поврзани со образовните потреби на различни деца со посебни потреби (деца со аутизам, Синдром на фетален алкохолизам, Деца со сензорни оштетувања...)

     

    ПАЗАР НА МЕТОДИ ЗА ИНКЛУЗИЈА 
    Пазарот на методи за инклузија (IMM) претставува „само-организиран пазар за онлајн размена на методологии“. Професионалците од различни сектори се покануваат да опишат/стават успешни ситуации на инклузија. Овие конкретни ситуации служат како методолошки басен на идеи и можности за учење за другите корисници.

    ПАСОШ ЗА ИНКЛУЗИВНИ КОМПЕТЕНЦИИ 

    „ПАСОШОТ ЗА ИНКЛУЗИВНИ КОМЕПЕТЕНЦИИ“ служи како платформа со цел неформалните процеси на учење да станат транспарентни и овозможува поврзување со актуелните ЕУ иницијативи во полето на сертификација и споредливост. Онлајн алатката ги следи самоорганизираните активности за учење (на пр., самоорганизирано учење врз основа на пакетите за информирање, активности за размена на „пазарот“ и вклучува веќе извршени ( на пр., лице во лице) активности за обука.