Втора средба на партнерите во проектот ДигИн - Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера

На 11 и 12 април 2022 година, во Сараево се одржа втората средба (и прва со физичко присуство) на партнерите во конзорциумот на Еразмус+ проектот Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера (ДигИн).

Претставниците на организациите вклучени во проектот дискутираа за прогресот на проектните активности и резултати и направија детален план за следните чекори во насока на остварување на проектните задачи и цели.

1 / 2
Втора средба на партнерите во проектот ДигИн - Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера
2 / 2
Втора средба на партнерите во проектот ДигИн - Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера





Прв состанок на партнерите во проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ“)

Нашата работа на алатки кои ја унапредуваат инклузијата во училницата започна! На 28 и 29 март 2022 година во Скопје го одржавме првиот состанок на конзорциумот на Еразмус+ проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ (или скратено: „Инклузија преку МКФ“) и очекуваме одлични резултати. Ние и нашите 7 партнери кои доаѓаат од Северна Македонија, Австрија, Германија и Турција здружено ќе создаваме решенија во насока на помагање на наставниот кадар во градинките и училиштата при создавање на услови за инклузија.

1 / 2
Прв состанок на партнерите во проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ“)
2 / 2
Прв состанок на партнерите во проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ“)





ИНАРТдис: Посета на на Музејот на современата уметност во Скопје

Уметноста носи радост! Една прекрасна група на ученици и наставници од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје и претставници на „Образование за сите“ Скопје го посетија Музејот на современата уметност во Скопје. Во убава атмосфера и водени од страна на професионалните и љубезни кустоси на музејот, ние како посетители уживавме во изложбата од Уметничката колекција на Телеком со дела од најрепрезентативните уметници од Југоисточна Европа насловена како „Гледај тука сум без простор“, чии куратори се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Чест ни е што и Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ и Музејот на современата уметност се наши соработници во проект ИНАРТдис ( www.inartdis.eu )!


ИНАРТдис: Посета на НИ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово

Во рамките на проектот ИНАРТдис ( www.inartdis.eu ), со дел од корисниците на Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово ја посетивме изложбата на слики од циклусот „Шарени вибрации“ на Андријана Мациев изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Голема благодарност до управата и вработените во Центарот за култура во Куманово за нивната несебична поддршка и организација!

1 / 2
ИНАРТдис: Посета на НИ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово
2 / 2
ИНАРТдис: Посета на НИ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово

ИНАРТдис проект: Првиот состанок со физичко присуство на партнерите одржан во Барселона

Од 26-ти до 28-ми јули 2021 година, во Барселона, Шпанија, се одржаа средбите на партнерите во проектот ИНАРТдис. Следејќи ги сите здравствени протоколи, претставниците на шестте партнери од пет различни земји (Македонија, Шпанија, Португалија, Австрија и Германија) дискутираа за актуелните проектни активности и направија подетален план за работа за месеците кои следат. Сите цели на состанокот се постигнаа и се создаде синергија помеѓу учесниците, а партнерите се вратија во своите матични земји уште помотивирани за работа. Неколку чекора сме поблиску кон приближувањето на институциите од културата до лицата со попреченост!

1 / 4
ИНАРТдис проект: Првиот состанок со физичко присуство на партнерите одржан во Барселона
2 / 4
ИНАРТдис проект: Првиот состанок со физичко присуство на партнерите одржан во Барселона
3 / 4
ИНАРТдис проект: Првиот состанок со физичко присуство на партнерите одржан во Барселона
4 / 4
ИНАРТдис проект: Првиот состанок со физичко присуство на партнерите одржан во Барселона

Покана за соработка на DigIn

Ве покануваме за соработка на проектот „ДигИн – Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера“ (DigIn: Digitalisation and Inclusive Education: Leaving No One Behind in the Digital Era). Повеќе информации најдете во Билтенот бр. 1:

Билтен 1

ДигИн – Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера

Со големо задоволство го објавуваме почетокот на проектот ДигИн – Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера (DigIn: Digitalisation and Inclusive Education: Leaving No One Behind in the Digital Era), финансиран од ЕУ. Носител на проектот е Универзитетскиот педагошки колеџ Штаерска од Австрија, а „Образование за сите“ учествува како партнер. Проектот започна на 1.6.2021 а ќе трае до 31.5.2023 година. ДигИн проектот е осмислен да го подобри квалитетот на дигиталното образование за учениците со попреченост преку зајакнување на профилот на наставниците. Во текот на следните две години, ќе ги зајакнеме способностите и професионалните вештини на наставниците кои во моментов работат во задолжителното образование и во областите на дигиталното образование и на инклузивното образование.

Со проектните партнери од четири земји – Северна Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина и Италија - три универзитети, едно основно училиште и две граѓански организации од областа на инклузивното образование - ќе дојдеме до ефективни практики за дигитално образование користени од наставниците низ Европа кои работат во инклузивни средини и истите ќе ги направиме пошироко достапни. Работејќи со наставниците, ќе создадеме и нови, иновативни инклузивни стратегии кои ќе овозможат дигиталното образование да биде достапно и да придонесе за учеството на сите ученици, без оглед на нивните способности.

Започна проектот ИНАРТдис

Проектот ИНАРТдис – Зајакнување на социјалната инклузија преку уметничкото образование: развиток на поддршката на ученици со попреченост“ (англ. INARTdis "Fostering Social Inclusion for All Through Artistic Education: Developing Support for Students with Disabilities''), кој е дел од Еразмус+ програмата, започна на 1 декември 2020.

На 21 декември се одржа и првиот официјален состанок (онлајн) на партнерите на конзорциумот: Политехничкиот универзитет на Лисабон – Португалија (Lisbon Polytechnic Institute), Универзитетскиот педагошки колеџ Штаерска – Австрија (University College of Teacher Education Styria), Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ Скопје – С. Македонија (Association for Promotion of Education, Culture, and Sport Education for All Skopje), Универзитетот на Кантабрија – Шпанија (University of Cantabria), Работилницата за театар и уметност „Тиква“ работна група Северен Берлин - Германија (Thikwa Werkstatt für Theater und Kunst of Nordberliner Werkgemeinschaft), и Автономниот универзитет на Барселона – Шпанија (Universitat Autònoma de Barcelona). Партнерите со здружени сили ќе работат посветено на приближување на уметноста и културата до лицата со попреченост и зголемување на социјалната вклученост.


„Образование за сите“ учествува како партнер во проектот INARTdis

„Образование за сите“ Скопје е партнер во проект од КА3 на Еразмус + програмата со наслов: Fostering Social Inclusion for All Through Artistic Education by Developing Support for Students with Disabilities (INART-dis) или, во превод: „Негување на социјална инклузија користејќи го уметничкото образование и развој на поддршка за ученици со попреченост“. Заедно со истакнати универзитети, музеи и образовни и културни институции, „Образование за сите“ ќе работи на приближување на уметноста и културата до лицата со попреченост и зголемување на социјалната вклученост. Координатор на проектот е професор д-р Јозеп Марија Санахуја Галвада, од Автономниот универзитет на Барселона ( Universitat Autonoma de Barselona -UAB) како координативна институција, а конзорциумот на проектот го сочинуваат следниве партнери:

  • Universitat Autonoma de Barselona (Шпанија)
  • Universidad de Cantabria (Шпанија),
  • Instituto Politecnico de Lisboa (Португалија),
  • Pádagogische Hochschule Steiermark (Австрија),
  • Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ Скопје (Македонија)
  • Thikwa Werkstatt für Theater und Kunst der Nordberliner Werkgemeinschaft (Германија)

Покрај овие институции, бројни придружни партнери, како што се музеи и организации на лица со попреченост, ќе земат активно учество во проектот. Проектот ќе трае 3 годфини, а започнува на 1 декември 2020.

https://www.uab.cat/web/noticies/detall-noticia-1251960159376.html?noticiaid=1345825968884&fbclid=IwAR3IxCDaV3aHUvYvbYu2KW2X4MeDVFUvcx30BxfdhxFkSLE4s9mooPKY8aE

„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Трет состанок на конзорциумот

Третиот состанок на конзорциумот се одржа со комбинирање на физичко присуство на македонските и австрискиот партнер и онлајн присуство на партнерите од Германија и Турција. И покрај ограничувањата што произлегоа од пандемијата на Ковид-19, активностите потребни за непречено одвивање на проектот се вршат континуирано. Заклучокот е дека комуникацијата во рамките на конзорциумот остана одлична. Овој состанок, насловен како Состанок на тема тестирање на продукти, беше искористен за да се потврдат и да се детализираат потребните чекори во врска со претстојните настани за тестирање и мултипликација.

1 / 4
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Трет состанок на конзорциумот
2 / 4
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Трет состанок на конзорциумот
3 / 4
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Трет состанок на конзорциумот
4 / 4
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Трет состанок на конзорциумот

Билтен бр. 3 на проектот „Заеднички јазик на училиште“

Конзорциумот на проектот ICF @ School („Заеднички јазик на училиште“) го подготви Билтенот бр. 3 за да ја информира јавноста за продуктите на кои посветено работиме од почетокот на проектот. Со задоволство ве покануваме директно да нѐ контактирате за добиете од нас повеќе информации директно или да с еинформирате за продуктите и активностите на веб-страницата на проектот: www.icf-school.eu.

БИЛТЕН 3

„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Втор состанок на конзорциумот

Вториот состанок на конзорциумот, првично планиран да се одржи во Хамбург, Германија, беше организиран виртуелно. Пандемијата влијаеше на начинот на одржување на состанокот, но не и на неговиот квалитет. Координаторот на проектот и претседател на „Образование за сите“, м-р Розита Петринска-Лабудовиќ, сподели информации за напредокот на проектот, особено во врска со управувањето и спроведувањето на проектот, а партнерите известија за своите активности и прогресот на планираните интелектуални трудови. Проф. д-р Претис од Австрија презентираше за ЕКВЕТ и Европската рамка за квалитет и нивната поврзаност со проектот. Беа донесени сите потребни одлуки во врска со продутите и сите партнери изразија подготвеност да продолжат да работат добро и посветено.

1 / 2
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Втор состанок на конзорциумот
2 / 2
„Заеднички јазик за првите 1000 дена“: Втор состанок на конзорциумот

Во Скопје се одржа првиот состанок за проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“

Еразмус+ проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ и официјално започна! Првиот состанок на партнерите во проектот се одржа во Скопје на 11 и 12 ноември 2019 година. Состанокот се одржа во ИНОФЕИТ центарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претставниците на партнерите во проектот се претставија. Тие ги претставија своите институции. Координаторот на проектот детално ја објасни временската рамка на проектот. Таа ги потсети партнерите за предвидените работни пакети. Ги информираше и за активностите кои тие ги вклучуваат. Работната атмосфера беше многу конструктивна. Се поделија задачите за следните месеци, во согласност со планот за работа. Сите партнери со голем ентузијазам започнаа да работат на проектот!

„Заеднички јазик во првите 1000 дена“ - Еразмус+ проект на „Образование за сите“ Скопје

„Образование за сите“ е добитник на грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за проектот „Заеднички јазик во првите 1000 дена“ од програмата Еразмус+ на ЕУ. Во проектниот конзорциум се и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), Dr. Pretis од Австрија, MSH Medical School Hamburg од Германија и Dudu Melek Sabuncuoglu (Melek Akademy) од Турција. Проектот е со траење од 20 месеци и го промовира користењето на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје – МКФ (СЗО, 2001) како алатка за подобрување на комуникацијата помеѓу стручните лица во тимот околу детето во неговите први 1000 денови. Акушерките, медицинските сестри во здравствените установи и градинките, воспитувачките, стручњаците по рана интервенција и рана поддршка, како и педијатрите ќе можат да ги користат интелектуалните продукти на проектот за планирање на потребните мерки за поддршка за бебињата и децата (0-3 години), користејќи заеднички јазик со родителите.

Успешно затворена конференцијата на тема МКФ во училиште

На 15 ноември 2019 година, Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје, во рамките на проектот од Еразмус+ КА201 програмата „Заеднички јазик во училиште“ (англ. Common Language in Schools), организираше конференција на тема практичната примена на МКФ во училишен контекст.

Конференцијата под наслов „Образование за сите – јазик за сите во училиште“ се одржа во ИНОФЕИТ Центарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и собра повеќе од 80 учесници - членови на наставниот кадар и стручните служби на основните и средните училишта од земјава (редовни и посебни), социјални работници, логопеди, претставници на здруженија на родители на деца со попреченост, претставници на научни здруженија.

Настанот беше поделен на два дела. Во првиот дел учесниците можеа да ги следат презентациите на проф. д-р Манфред Претис (СИНН Евалуацион) и проф. Силвиа Коп-Сикст (Педагошки факултет на Штаерска) од Грац, Австрија, проф. д-р Дуду Мелек Ер-Сабунчуоглу (Универзитет Инстинје во Истанбул) од Истанбул, Турција и г. Горан Петрушев, претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија. Вториот дел беше резервиран за две работилници - „МКФ за наставен кадар“, која ја одржа м-р Катерина Тодорова (Медицински факултет Хамбург) од Хамбург, Германија, и „Функционална проценка на децата кои имаат потреби од дополнителна поддршка“, која ја одржа проф. д-р Манфред Претис.

1 / 3
Успешно затворена конференцијата на тема МКФ во училиште
2 / 3
Успешно затворена конференцијата на тема МКФ во училиште
3 / 3
Успешно затворена конференцијата на тема МКФ во училиште

Презентација на проф. д-р Манфред Претис

Презентација на проф. д-р Дуду Мелек Ер-Сабунчуоглу

Презентација на проф. м-р Силвија Коп-Сикст

Презентација на м-р Катерина Тодорова

Врска до веб-страницата на проектот

Конференција на тема МКФ во организација на „Образование за сите“

Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје, во рамките на проектот од Еразмус+ КА201 програмата „Заеднички јазик во училиште“ (англ. Common Language in Schools), организира конференција на темата практичната примена на МКФ во училишен контекст.

Конференцијата носи наслов „Образование за сите – јазик за сите во училиште“ и ќе се одржи на 15 ноември 2019 година (петок) во ИНОФЕИТ Центарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Проектот „Заеднички јазик во училиште“ од програмата Еразмус+, во кој заеднички работат 10 партнери, а го координира проф. д-р Манфред Претис од Австрија, нуди конкретни алатки за стручните лица во училиштата кои работат со ученици со потешкотии во развојот. Проектот ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од страна на Светската здравствена организација како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација на детето во однос на учењето и овозможува холистички и трансдисциплинарен пристап кон проценката и процесите на планирање на третманот и поддршката, при што фокусот е ставен на способностите на детето. Повеќе детали за проектот се достапни на веб-страницата: www.icf-school.eu

Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на е-формуларот кој е достапен на следниов линк: https://forms.gle/Zikb54GK7kLYJkJ29 или на е-мејл адресата: contact@educationforall.org.mk.

Учеството е бесплатно, а пријавените учесници на конференцијата ќе добијат сертификат за учество. Рокот за пријавување е до 5-ти ноември 2019 година.

„Образование за сите“ од Скопје и партнерите од проектот „Заеднички јазик во училиште“ срдечно ве покануваат да земете учество на конференцијата.




АГЕНДА

Втор состанок на партнерите во проектот „Заеднички јазик во училиште

На 21 и 22 мај 2019 година, во градот Хамбург во Германија се одржа вториот состанок на партнерите во проектот „Заеднички јазик во училиште“. Во присуство на претставници од сите институции вклучени во проектот, координаторот проф. д-р Манфред Претис ги сумираше досегашните активности и прогресот на проектот. Во атмосфера на соработка, партнерите ги утврдија насоките за проектните задачи и активности до следниот состанок во Скопје.

Активности за дисеминација во рамките на проектот „Заеднички јазик во училиште“ во Куманово

На 11 април 2019 година, членови на здружението „Образование за сите“ од Скопје ја претставија идејата на проектот „Заеднички јазик на училиште“ пред наставничкиот колегиум на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Во присуство на наставниот кадар и управата на училиштето, беа образложени активностите и целите на проектот, како и неговото значење за инклузијата во средните училишта.

Презентација на проектот „Заеднички јазик во училиште“ во седиштето на Општина Центар во градот Скопје

На 22.3.2019 година, претставник на Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на која го информираше за идејата и целите на проектот „Заеднички јазик во училиште“. Градоначалникот изрази своја поддршка на проектот од името на Општината и беше договорена идна соработка на проектните активности.

Означен почетокот на проектот „Заеднички јазик во училиште“ на првата средба на проект-партнерите во Грац, Австрија

Првиот заеднички состанок на партнерите во проектот „Заеднички јазик во училиште“, со кој и официјално започна работата на проектните активности се одржа на 12-ти и 13-ти ноември во Грац, Австрија. Домаќин на средбата беше Педагошкиот универзитетот во Грац (PH Steiermark). Сите партнери вклучени во проектот испратија по најмалку еден свој претставник. Координаторот, проф. д-р Манфред Претис, го водеше конзорциумот низ работната програма и основните карактеристики на планираните резултати, како и прашањата поврзани со администрацијата и управувањето со проектот. Беа разменети многу интересни идеи и се дискутираше за детали во врска со очекуваните резултати и можностите за дисеминација. На еден конструктивен начин и со интензивна работа беа разгледани сите важни прашања. Целокупниот дух и мотивацијата на членовите на партнерството заедно со комбинацијата од експертизи на конзорциумот даваат причина за оптимизам дека проектот ќе ги даде очекуваните резултати!

Здружението „Образование за сите“ стана партнер на Еразмус+ проектот „Заеднички јазик во училиштата“ (Австрија)

Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје од 1 септември 2018 година учествува како партнер во проектот „Заеднички јазик во училиштата“. Проектот е во рамките на програмата Еразмус+ на Европската комисија и негов координатор е проф. д-р Манфред Претис (www.sinn-evaluation.at) од Австрија. Во конзорциумот од 10 партнери се организации и институции од Германија, Австрија, Северна Македонија и Турција.

“Заеднички јазик во училиштата” (www.icf-school.eu) ја третира проблематиката на имплементација на МКФ (Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје, СЗО 2001) во училиштата и планирано е да трае три години.

Доколку сакате да учествувате во проектот (како наставник, родител, псохолог, педагог, член на училишен менаџмент и сл.) или да добиете повеќе информации, Ве молиме да го контактирате проф. д-р Манфред Претис на адресата: office@sinn-evaluation.at или, контакт лицето за Северна Македонија, м-р Розита Петринска-Лабудовиќ на адреса: contact@educationforall.org.mk.

#EarlyMomentsMatter Campain

UNICEF launched #EarlyMomentsMatter, a new campaign supported by the LEGO Foundation to drive increased awareness about the importance of the first 1,000 days of a child’s life and the impact of early experiences on the developing brain.

During this critical window of opportunity, brain cells can make up to 1,000 new connections every second – a once-in-a-lifetime speed. These connections contribute to children’s brain function and learning, and lay the foundation for their future health and happiness. A lack of nurturing care – which includes adequate nutrition, stimulation, love and protection from stress and violence – can impede the development of these critical connections.

The campaign kicks off with #EatPlayLove – a digital and print initiative aimed at parents and caregivers that shares the neuroscience on how babies’ brains develop. #EatPlayLove assets explain the science in a straightforward, visually interesting way to encourage parents and caregivers to continue to make the most of this unrivaled opportunity to provide their children with the best possible start in life. 

Read more:

https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/media_31287.html 

https://www.unicef.org/earlymoments/ 

http://www.who.int/maternal_child_adolescent/child/nurturing-care-framework/en/

20 November - Universal Children's Day

(Students at Hadew primary school in Jijiga, Ethiopia. Photo: UNICEF/UN043870/Lister)

United Nations Universal Children’s Day was established in 1954 and is celebrated on November 20th each year to promote international togetherness, awareness among children worldwide, and improving children's welfare.

November 20th is an important date as it is the date in 1959 when the UN General Assembly adopted the Declaration of the Rights of the Child. It is also the date in 1989 when the UN General assembly adopted the Convention on the Rights of the Child.

Since 1990, Universal Children's Day also marks the anniversary of the date that the UN General Assembly adopted both the declaration and the convention on children's rights.

Mothers and fathers, teachers, nurses and doctors, government leaders and civil society activists, religious and community elders, corporate moguls and media professionals as well as young people and children themselves can play an important part in making Universal Children's Day relevant for their societies, communities and nations.

Universal Children's Day offers each of us an inspirational entry-point to advocate, promote and celebrate children's rights, translating into dialogues and actions that will build a better world for Children.

2017: It’s a #KidsTakeOver

(Source: UN: Events. http://www.un.org/en/events/childrenday/index.shtml)

150 PARTICIPANTS LEARN ABOUT POSITIVE APPROACHES TO AUTISM IN SKOPJE

Around 150 parents, professionals, students, policy-makers, journalists and other stakeholders attended the third multiplier event “ Helping parents to support their children with autism”, held on November 1 in the Museum of the Macedonian Struggle in Skopje, in the framework of the European project “Equity and Social Inclusion through Positive Parenting” (ESIPP).

Hosted by the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), the conference raised awareness about the importance of parent education in autism and shared the work and expertise of the project partners to a wider audience. The ESIPP Parent Education Programme, developed in collaboration with partners from across Europe, was also introduced.

One of the most stirring moments of the day was the speech given by Zoran Giev, parent of a child with autism and participant on one of the ESIPP parent training sessions delivered in Skopje. Giev talked about early diagnosis, education and the lack of information, support and understanding as being among the greatest problems faced by parents of children with autism in the FYR of Macedonia. He also stressed the importance of raising awareness and being truly supported by the community in order to foster the inclusion of autistic people.

Furthermore, attendees took part in the workshops “Managing Sensory Sensitivities in Autism” and “Understanding and Managing Challenging Behaviour”, given by ESIPP partners from Target Autism (UK), MSSA and the Autism Assessment Support Practice Center (Cyprus).

Prior to this one-day conference, Zoran Giev and ESIPP partners from MSSA and the University of Northampton had the opportunity to participate in a roundtable discussion with Lidija Krstevska Dojchonovska, State advisor at the Office of the Prime Minister of the FYR of Macedonia, as well as a representative from the Ministry of Education, Mirjana Zlatanova, and from the Ministry of Science, Emilija Jovanovska. A discussion was held to highlight the importance of continuing to provide ESIPP training after the project’s completion, and how to ensure its sustainability.

The conference was largely covered by local and national media.

(Source: Text written by http://esipp.eu/uncategorized/150-participants-learn-positive-approaches-autism-skopje/)

Macedonian language version of the International Classification of Functioning, Disability and Health promoted

See the child, not the disability – Government, UNICEF and partners united on inclusion of children with disabilities.

SKOPJE, 11 September 2017 – At an event to launch the Macedonian language version of the International Classification of Functioning, Disability and Health, the Government, UNICEF and partners united on the need for systematic reforms and attitudinal change to end exclusion, isolation and institutionalisation of children with disability.

The event was opened by the Prime Minister, Mr. Zoran Zaev and UNICEF Representative, Mr. Benjamin Perks.  It brought together hundreds from all sections of society – government, civil society, children with disabilities and their families – who pledged their support for the rights of persons - particularly children - with disability.

“We are here today to discuss how to make a society without barriers for children with disabilities. This is fair. But above all this is our duty as people. Because this world belongs to all of us and it will function well when we accept that we are not supposed to create a place for someone, because everyone has a place already. All we should do is to respect the right of everyone to a place in a society that belongs to all,” said the Prime Minister, Mr. Zoran Zaev. 

The International Classification of Functioning, Disability and Health – a tool to change the way we see and respond to the needs of children with disability – was presented.  It promises to accelerate much needed reforms to ensure optimum inclusion, fulfilment of potential and quality of life for children with disability. It puts emphasis on ability rather than the barrier of the impairment alone and will serve as a tool to introduce inclusive practices in health, education and social protection.

“Many countries, through systematic reforms and attitudinal campaigns have become places where exclusion, isolation and institutionalisation of children with disability are no longer acceptable. Building on these lessons, we intend to continue our work with government, civil society and media to make sure there is not a single corner of this country where children with disability remain invisible, isolated or excluded,” said UNICEF Representative, Mr. Benjamin Perks.

The event marked the beginning of a new phase of the “Be Fair. For a childhood without barriers” campaign. Initially launched in March with support from the European Union, the campaign has been making a fundamental shift in how society understands disability and in attitudes towards children with disabilities. The new phases “See the child, not the disability” puts emphasis on the need to unleash the potential in every child. 

During the event, a panel of children and youth with disabilities gave compelling accounts of the challenges they’ve experienced; and inspired audiences with their abilities, leaving them with a feeling of hope for change. Among the guests were celebrities and influencers who joined the “See the child, not the disability” campaign with messages of support.  A children’s choir from the Primary School “Kuzman Josifovki Pitu” accompanied by Ema Ananievska on piano, united all in the room with an inclusive performance of Tose Proeski’ “This World”. 

(Source: UNICEF: Former Yugoslav Republic of Macedonia.