Стратешки цели

Основните цели и задачи на Здружението се:

  • дисеминирање на концептот „образование за сите“ во Северна Македонија;
  • поттикнување на поголем пристап до образовните процеси, културата и спортот на маргинализираните и ранливите групи на граѓани;
  • промовирање на инклузијата на ранливите групи на деца и младинци во образовните процеси;
  • оспособување на стручниот кадар, родителите и заинтересираните страни (стејкхолдерите) за обезбедување на услуги со висок квалитет за ранливите категории на деца и младинци;
  • промоција на писменоста и навиките за читање кај децата и младинците;
  • приближување на концептот „доживотното учење“ до граѓаните;
  • работа во насока на овозможување на поголем пристап до културата и културните активности за сите граѓани;
  • заложба за поголема достапност на институциите на културата и нивните услуги, активности и програми на ранливи групи, а посебно на децата и младинците кои спаѓаат во ранливите групи;
  • промоција на еднаков пристап до спортот и спортските активности за сите граѓани;
поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци.