Основните цели и задачи на Здружението се:
- дисеминирање на концептот „образование за сите“ во Северна Македонија;
- поттикнување на поголем пристап до образовните процеси, културата и спортот на маргинализираните и ранливите групи на граѓани;
- промовирање на инклузијата на ранливите групи на деца и младинци во образовните процеси;
- оспособување на стручниот кадар, родителите и заинтересираните страни (стејкхолдерите) за обезбедување на услуги со висок квалитет за ранливите категории на деца и младинци;
- промоција на писменоста и навиките за читање кај децата и младинците;
- приближување на концептот „доживотното учење“ до граѓаните;
- работа во насока на овозможување на поголем пристап до културата и културните активности за сите граѓани;
- заложба за поголема достапност на институциите на културата и нивните услуги, активности и програми на ранливи групи, а посебно на децата и младинците кои спаѓаат во ранливите групи;
- промоција на еднаков пристап до спортот и спортските активности за сите граѓани;
поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци.